header_ito

Logo-GordSys_1.1_827x472_1

Одржан семинар во Прилеп на тема: „Зголемување на профитот и конкурентноста со напредни софтверски решенија“

На 26.10.2011  во хотел „Салида“ беше успешно одржан еднодневен семинар на тема „Зголемување на профитот и конкурентноста со напредни софтверски решенија“.

На семинарот присуствуваа компании од различни сектори - членки на регионалната комора Прилеп.

Во текот на семинарот во првиот дел беа опфатени проблемите со кои се соочуваат компаниите доколку не користат интегрирано софтверско решение.

Во вториот дел од семинарот беше презентиран софтверскиот пакет Pantheon со неговите главни карактеристики.

Сашо Јованоски, директор на Даталаб МК ги презентираше успешните примери од имплементации на Pantheon во Македонија и Адриатик Регионот.

После семинарот се разменија мислења со компаниите околу реалната потреба од имплементација на квалитетни софтверски решенија во компаниите како и проблематиката со која се соочуваат во секојдневното работење.