header_ito

Logo-GordSys_1.1_827x472_1

eCommerce решенија

eComm_header

 

Зголемената глоблна конкуренција и промента на барањата на купувачите се главните проблеми со кои се соочуваат компаниите. Со цел да им ја олесни продажбата на бизнисите, тимот за развој на Горд Системи разви решенија за Електронска комерција кој се состои од електронски каталог на производи, кошничка за пазарување и модул за интеграција со ЕРП решенеија. 

Каталогот на производи е лесен за употреба, флексибилен и нуди широка палета на карактеристики за изработка на моќна eCommerce продавница. Овој модул обезбедува соодветна презентација на производите и групите (различни темплејти), опис на карактеристиките на производите, категоризација на производите, лесно пребарување преку базата на податоци, цени и попусти, актуелна залиха и многу груги додатни карактеристики.

Со кошничката за пазарување им се овозможува на корисниците  да купуваат производи online, да го следат својот акаунт и да ги врзат сите аспекти на eCommerce сајт во еден пакет. eCommerce решението е базирано на myWebPortal – развојан аплатформа за eBusiness решенија.

eCommerce решението може да се користи како самостојно, но и интегрирано со ЕРП решенија, попрецизно модулите за Материјално работење, Финасии, CRM, итн. Интеграцијата овозможува добивање навремени информаци за актуеланта залиха на производите, времето на испорака, автоматско креирање на документи и сл.

myWebPortal околината дополнително овозможува едноставно менување на содржините и дизајнот, и самостојност на корисникот во одржувањето на веб порталот/е-продавницата во согласност со нивните сегашни и идни потреби.Бенефитот за компаниите од користење на eCommerce решението се повеќекратни: зголемено присуство на домашниот и странски пазари, проширување на комуникацијата со купувачите, 24/7 отворена продавница, намалени оперативни трошоци, ефтина комуникација, брзи трансакции итн.