header_ito

Logo-GordSys_1.1_827x472_1

EРП - Решение за производство за печатарска индустрија

Базирано на разултатите на сеопфатната анализа на бизнис процесите и истражувањето спроведено во печатарската индустрија, Горд Системи лансира ново интегрирано решение за овој индустриски сектор.

Менаџирање на производството, контрола на квалитет и калкулации се трите специфични модули за оваа индустрија, кои се интегрирани со стандардните модули како ( Набавка, Продажба, Финансии, Материјало работење, МИС, ЧР, Водење на фиксни средства и сл).

Модулот за менаџирање на производството обезбедува подобра оптимизација и намалување на губитоците, контрола на нарачките, процесите на производство и испорака, како и аналаиза на целокупното производство.

Контролата на квалитетот се врши за време не целиот процес на производство, почнувајќи од набавката на суровини , па се до готов производ. Модулот за текот на активностите овозможува дефинирање на правила и “точки” за проверка кои го контролираат квалитетот на материјалите, полуготовите и готовите производи.
Модулот за калкулации автоматски генерира цена за финалните производи, со што е обезбедено спроведување на прецизни и навремени понуди за клиентите.

Решението ги автоматизира процесите во департманите за продажба, припрес и производство, оставајќи повеќе време за анализа, креативна работа и планирање на развој на бизнисот.
Преку имплементацијата на иновативен пристап, ова решение им помага на производствениете компани да креираа предност над конкуренцијата.