Доверлив IT Outsourcing партнер

ГОРД Системи/Сервиси е независна приватна компанија фокусирана на развој и испорака на софтвер и деловни решенија за Мали и средни претпријатија, Здравство и Јавен сектор. Компанијата, основана 1989, е водечки испорачател на ИТ решенија во земјата. Ваработените се искусни ИТ специјалисти и консултанти со длабоко разбирање на бизнис процесите во одредени индустриски сектори.
Нашите софтверски решенија
им помагаат на организациите да ги подобрат и автоматизираат главните бизнис процеси, давајќи им слобода да имплементираат целосна контрола над нивните бизнис процеси и нивно фокусирање на развој на бизнисот.
Нашата мисија е да доставиме високо квалитетни софтверски решенија и ИТ услуги кои што ќе ги задоволат потребите на интернационалните клиенти.
Нашата цел е да постигнеме значајна продажба во ЕУ и САД во наредните 3-4 години, со понуда на конкурентни софтверски решенија и услуги за глобалниот пазар.
Нашата визија е, нашите продукти и бренд имиња да постанат светски препознатливи како знак за квалитет, корисност и бизнис успех.
Компанијата инвестира во развој на човечки ресурси и во имплементација на стандарди за манаџмент на квалитет, подобрување на софтвер процесите и ИТ сигурност.
Нашето искуство во подобрувањето на деловните процеси и автоматизација, како и ефикасната и флексибилната политика за техничка подршка на клиентите, ја разликува нашата компанија од конкуренцијата.

Какви вредности ви нудиме

Главните предности на ГОРД Системи се базираат на долгогодишното искуство и експертиза во развојот и имплементција на ИТ решенија и познавање на Бизнис процесите во Здравство, Влада и секторот на мали и средни претпријатија.
Компанијата има искуство во интернационални проекти (Велика Британија, Данска, САД, Бугарија и Србија)
Исто така, Горд Системи имаат развиено свои сопствени еБизнис решенија и решенија за Здравство, за интернационален пазар.
Компанијата соработува со главни ИТ , како Oracle, Novell, Microsoft, IBM, SPSS, итн.
Внатрешните менаџмент процеси, вклучувајќи Софтвер Проект Менаџмент и осигурување на квалитет се веќе имплементирани базирани на одредени стандарди и менаџмент алатки.
Грижата за корисници и задоволството се најважните приоритети на компанијата.
Вработените се мотивирани млади луѓе, кои течно говорат Англиски јазик, со висока посветеност во извршувањето на секојдневните активности. Ова е резултат на постојаното инвестирање на компанијата во развој на човечки ресурси( вклучувајќи менаџмент вештини, осигурурање на квалитет, Проект менаџмент, Технички вештини).
Промента на гео-политичката позиција на Македонија може додатно да им доведе бенефити на ИТО клиентите. Од неодамна Македонија кандидат за ЕУ; ние сме блиску до ЕУ и имаме културни сличности и најважно подобрената бизнис и инвестициска околина.

Имплементирани стандарди и метогологии за обезбедување на контрола на квалитетот

Во 2006, Горд Системи успешно воведе IT Mark Сертификација издаден од Европскиот институт за софтвер и продолжува со целосна имплементација на CMMI 3.
IT Mark стандардот е базиран на CMMI (Осигурување на квалитет и Подобрување на Бизнис Процеси), ISO17799/ISO27001 стандарди и 10 методи за проценување на бизнисот.
CMMI (Capability Maturity Model Integration) е ЕСИ имплементација на CMM методологијата развиена од  Carnegie Mellon University, САД.
ISO17799/ISO27001 стандарди вклучуваат код на пракса и спегификагија/водич за менаџмент на ИТ безбедност.
10squared е сеопфатен метод за евалуација на бизнисите наспроти benchmark (компании ли ја следат и ја копираат најдобрата практика на успешните компании) во инсустријата.

IT Outsourcing услуги

ИТ Outsourcing услугите на Горд системи вклучуваат:

 Програмирање и имплементација на Услуги за развој во околини како: Oracle, Microsoft, IBM, Novell, SPSS, Open Source;